Државни службеници се запознаа со активности на МЦМС за борба против корупцијата
На 12 февруари 2014 година во хотелот Стоунбриџ во Скопје, МЦМС во соработка со Центарот за изучување на демократијата од Бугарија (ЦИД), организираше информативен состанок за државните институции кои имаат надлежности во справувањето со корупцијата и судирот на интереси. На настанот присуствуваа 16 претставници на 14 институции (министерства, дирекции, агенции, комисии, правосудни органи, итн.)