Време: Македонија е рај за Ромите
Ромите во Македонија имаат најмногу права од сите нивни собраќа во поранешните социјалистички држави во Источна Европа. Според студијата на американскиот политиколог Ебен Фридман, степенот до кој македонските Роми се вклопени во општеството можеби е највисок што оваа етничка група го имала кога било и каде било.