Информативни настани за новиот Закон за здруженија и фондации
Дознајте ги новините за Законот за здруженија и фондации и вклучете се во дискусијата на локацијата што најмногу ви одговара.
Дознајте ги новините за Законот за здруженија и фондации и вклучете се во дискусијата на локацијата што најмногу ви одговара.
На својата 100-та седница, Собранието на Република Македонија, ги донесе Законот за здруженија и фондации (ЗЗФ) и Законот за спречување и заштита од дискриминацијата (ЗСЗД). МЦМС беше вклучен во подготовката и во дебатата за двата закони.
Законот за здруженија и фондации е еден од најважните закони за граѓанското општество во Македонија. Тој е основниот закон што ја регулира работата на граѓанските организации. МЦМС е посветен на подобрување на правната рамка за граѓанското општество од 1995 година и учествуваше во работната група на Министерството за правда која даде значаен придонес во подготовката…
МЦМС, на 16 февруари 2010 година, во своите простории, организираше координативен состанок за предлог-Законот за здруженија и фондации. На состанокот присуствуваа претставници на повеќе граѓански организации.
На 5 февруари 2010 година Министерството за правда пред граѓанските организации ги презентираше новините и отвори јавна расправа за предлог-Законот за здруженија и фондации.