Нов Закон за заштита на лични податоци- Колку ќе се применува во пракса?
Новиот Закон за заштита на личните податоци; неговото усогласување со Општата уредба за заштита на податоците на ЕУ, подобро позната како GDPR; како и влијанието на овие процеси врз граѓанските организации беа главните теми на онлајн дискусијата која ја организираше Граѓанскиот ресурсен центар.