Ставови за изборниот систем
Во Македонија има потреба од реформа на изборниот систем со која ќе се воведе една наместо шест изборни единици, сметаат речиси половина (46,6%) од испитаниците во истражувањето посветено на актуелните политички случувања на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“-Скопје (ИДСЦС).