Дневник: Инфо-линија за олеснетиот визен режим
Преку специјална инфо-линија граѓаните од денеска ќе може да се информираат за своите права од новиот договор за олеснување на визниот режим, но и да ги кажат своите искуства од барањето виза. Линијата е дел од проектот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за набљудување на визното олеснување во Македонија.