Заврши проектот „Од норма до пракса за еднаквост“
На 25 февруари 2014 година во хотелот Пората во Скопје се одржа конференција на која беа презентирани резултатите од проектот „Од норма до пракса за еднаквост“.
На 25 февруари 2014 година во хотелот Пората во Скопје се одржа конференција на која беа презентирани резултатите од проектот „Од норма до пракса за еднаквост“.
Oд 5 до 8 февруари 2014 г. се реализираше студиската посета на Северна Ирска, што ја организира МЦМС за претставниците на партнерските организации од проектот„Од норма до пракса за еднаквост“, Полио плус, Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за заштита од дискриминација.
На 5 декември 2013 година, МЦМС организираше јавна дебата на тема „Состојбата и предизвиците на дискриминација по основ на етничка припадност“.
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) со задоволство Ве поканува да учествувате на дебатата „Состојбата и предизвиците на дискриминација по основ на етничка припадност“ која ќе се одржи на 5 декември 2013 г. (четврток) во 11:00 ч. во Холидеј Ин во Скопје.
Колку е присутна верската дискриминација и нееднаквост во Македонија? Дали сите верските заедници ги уживаат истите права? Дали еднаквоста во оваа сфера е достижна? Беа само неколку од отворените прашања на дебатата „Слобода на вероисповед: Состојбата и предизвиците на верската дискриминација“ што се одржа на 29 ноември 2013 г. во Скопје во организација на МЦМС.
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денес, 17 октомври 2013 г. (четврток) во х. Холидеј ин, Скопје, организираше дебата на тема „Дискриминација по основ на пол“. Во своето воведно обраќање, Савка Тодоровска, претседателка на Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) зборуваше за актуелната состојба на жените во општеството. Во поглед на претставувањето на жените во…
На 17 октомври 2013 г. (четврток) во 11:00 ч. во х. Холидеј ин, Скопје, МЦМС организира дебата на тема „Дискриминација по основ на пол“. Ве покануваме да се придружите на настанот и со вашите дискусии придонесете кон дебатата за ова важно прашање.
Каква е моменталната состојба во Македонија кога е во прашање дискриминацијата по основ на возраст? Какви се искуствата и практиките и која е улогата на институциите во борбата против овој вид дискриминација, посебно на Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД), Народниот правобранител и др.? Ова беа некои од прашањата околу кои се водеше дебатата „Дискриминација…
На 3 октомври 2013 г. (четврток) во 10:00 ч. во конференциска сала на Дуна компјутери во комплексот Хипериум, Скопје МЦМС организира дебата „Дискриминација по основ на возраст“.
МЦМС заедно со Полио плус ќе го спроведуваат проектот „Од норма до пракса“ посветен на следење на спроведувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД), на поддршка на работата на Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД) и истражување на степенот на дискриминација по различни основи во Македонија.