Резултатите од форумот пред граѓаните на Крива Паланка
На 20 ноември 2012 година, во хотелот „Турист” во Крива Паланка се одржа шестата тнр. последователна форумска сесија. На сесија присуствуваа вкупно 105 граѓани.
На 20 ноември 2012 година, во хотелот „Турист” во Крива Паланка се одржа шестата тнр. последователна форумска сесија. На сесија присуствуваа вкупно 105 граѓани.
Граѓаните на Крива Паланка, на 21 декември 2011 година, на петтата форумска сесија го избраа проектот кој ќе се спроведува со средствата од програмата Форуми во заедницата. „Со реконструкција на делот од главната улица на локалитетот Стара чаршија истовремено ќе се решат повеќе проблеми кои ги мачат граѓаните“, рече во своето обраќање до граѓаните Валентина…
На 24 ноември 2011 година се одржа четвртата форумска сесија во Крива Паланка. Граѓаните дискутираа за предлог проектите со кои ќе се решат дел од проблемите на нивното секојдневно живеење.
На 10 ноември 2011 година граѓаните на Крива Паланка по трет пат се сретнаа и разговараа за решенијата на дел од проблемите со кои секојдневно се соочуваат. Тие дискутираа за пет концепти и тоа: за „Пешачка патека од мостот кај ООУ „Јоаким Крчовски” до новиот зелен пазар”; „Реконструкција на дел од главната улица „Св.Јоаким Осоговски”…
На втората форумска сесија што се одржа на 20 октомври 2011 година, граѓаните на Крива Паланка идентификуваа голем број проблеми кои се дел од избраната тема Локален економски развој/инфраструктурно уредување на градот и населените места во општината во функција на економскиот развој.
Граѓаните на Крива Паланка покажаа голем интерес за првата форумска сесија што се одржа на 20 септември во хотелот Турист. Дојдоа да видат каде и како можат да се вклучат во подобрувањето на животот во нивната општина. Салата беше претесна да ги собере сите заинтересирани граѓани.
Законот за локална самоуправа го дефинира “непосредното учество на граѓаните” како поединечно или колективно вклучување на жителите на општината во одлучување за работи од локално значење во различните нивоа на одлучување (член 2). Во Македонија сеуште постои пракса на пасивност за граѓанското учество на локално ниво. Граѓаните се воздржани кога станува збор за недостатоците, за…
МЦМС ќе раководи со три општини во новиот циклус на програмата Форуми во заедниците што ја спроведува Швајцарската агенција за развој и соработка заедно со општините во Република Македонија.