Градот доби нов лик со спроведениот проект од Форумите
На 12 декември 2012 година, во општина Македонски Брод, се одржа шестата (последователна) форумска сесија од програмата „Форуми во заедницата“. Пред граѓаните беа презентирани резултатите од реализираниот проект: “Уредување на кејот и изградба на патека за пешачење, трчање и други спортски активности покрај речното корито во централното градско подрачје”.