Во следните четири години МЦМС ќе раководи со МРФП
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), по трет пат, го избра Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за Институција за раководење за периодот 2008-2011 г. Изборот беше направен од страна на Одборот на старатели на МРФП врз основа на професионалниот, организациски и финансиски капацитет на МЦМС.