Преку новите медиуми до подобра презентација во јавноста
Претставници на седум граѓански организации учествуваа на работилницата „Односи со јавноста и социјални медиуми за граѓански организации“, што ја организираше македонската канцеларија на проектот ТАКСО, а ја спроведе МЦМС во периодот од 23 до 26 февруари 2015 година во Маврово.