Одржливоста на регионалните проекти поддржани од ЕУ
На 26 и 27 јануари 2016 година, во Брисел, во организација на регионалната канцеларија на ТАКСО се одржа конференција посветена на постигнувањата на граѓанските организации кои спроведуваат проекти од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) специфично Инструментот за граѓанско општество (ЦСФ) и Договорот за рамковни партнерства (FPA – Framework Partnership Agreement).