Време: Анкета на ИСППИ, Граѓаните не им веруваат на партиите
Повеќе од половина граѓани во земјава немаат никаква доверба во политичките партии, покажала најновата анкета на Институтот за социолошки и политичкоправни истражувања. Така се изјасниле дури 50,7 отсто од испитаниците, а само 3,3 отсто одговориле дека имаат голема доверба во политичките партии. Мала доверба имале 27 отсто од прашаните граѓани, а делумна 18,8 отсто.