Време: Рашче ќе куртули од излеаните фекалии
Екипите на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ вчера ги поправаа оштетените шахти на фекалната канализација во селото Рашче. Дефектите на оваа мрежа настанале пред околу два месеца, а фекалната вода течеше по улиците во селото, над цевките што водата за пиење ја носеа до Скопје, покрај куќите и во нивите на жителите.