Партиите дадоа финансиски отчет за првите 10 дена кампања
Првите финансиски извештаи за предизборната кампања, поднесени од политичките партии, покажаа дека досегашните вкупни расходи изнесуваат околу 1.100.000 евра. Најголем дел од нив се за кампањата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМЕ, 67%. На второ место според расходите е СДСМ со 20,4%, а на трето ДУИ со 8,8% од вкупните расходи.