Информативна сесија за грантови за транспарентно и отчетно работење на граѓанските организации
Повеќе од 60 претставници на граѓанските организации учествуваа на информативната сесија што беше организирана на 26 април 2018 година во просториите на МЦМС. Јасмина Чаушоска, грант менаџер на проектот детално ги презентираше документите – Упатството и Формуларот за аплицирање. Таа зборуваше за приоритетните области за пријавите и за подобните и неподобните трошоци.