Валентина Чичева

Валентина Чичева

Валентина Чичева, Координатор на програми
vch@mcms.mk
+ 389 2 3088 984

Родена е на 28.02.1969 г. во Скопје. Во 1993 г. дипломира на Технолошко-металуршкиот факултет, а во 2008 г. магистрира на Економскиот институт отсек Финансиски менаџмент при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Во МЦМС работи од 1994 година во Административно финасиското одделение, а од 2000 година таа е соработник на проекти и консултант/обучувач во програмите: Јакнење на невладините организации 2000-2003, Јакнење на стратешките граѓански организации 2003-2006 и Применето образование за млади Роми 2006-2008. Сертифициран модератор е во Програмата Форуми во заедниците 2008-2013, координатор на програмата Пристап на Ромите до фондови 2011-2016, сениор консултант во Ресурсниот центар на ТАКСО 2014-2017 и Национален проектен координатор во Програмата Цивика мобилитас  2014-2018.

Нејзината експертиза на обука и консултантство е во областите: Раководење со проектен циклус; Индикатори, Институционален развој и организациско јакнење, Стратешко планирање, Раководење со човечки ресурси,  Обука за обучувачи, Вештини за фасилитација; Презентациски и комуникациски вештини, Застапување и лобирање, Деловна комуникација и Административно работење.

Нејзиното искуство во менаџирање на грантови и обука/консултантство е со различни конституенти: граѓански организации, локална самоуправа, јавни и државни институции и бизнис сектор.

LinkedInhttp://mk.linkedin.com/in/valentinachicheva/

Similar Posts

  • Лазар Неданоски

    Лазар Неданоски, Соработник на проектlnd@mcms.mk+389 2 3088 996 Роден е на 03.01.1976 година во Охрид. Завршува на Факултетот за туризам во Охрид и моментално посетува постдиспломски студии од областа на монетарна економија на Економскиот факултет во Скопје. Од 2007 година е и овластен инвестициски советник од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. По…

  • Гонце Јаковлеска

    Гонце Јаковлеска, Извршен директорgjk@mcms.mk+ 389 2 3088 970 Родена на 13.07.1969 во Радовиш. Дипломира на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Белград, а во 2013 година се стекнува со звањето магистер по комуникации на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања во Скопје. Таа е соработник за односи со јавноста во МЦМС од 1996…

  • Борис Ристовски

    Борис Ристовски, Соработник за интернет и нови медиумиbrs@mcms.mk+ 389 2 3088 972 Борис Ристовски е роден на 28 јуни 1983 година. Во МЦМС е вработен како соработник за интернет и нови медиуми  и работи на развој на веб базирани решенија како и присуство на социјалните медиуми. Дипломиран инженер за интернет и мобилни технологии на Институт…

  • Даниела Стојанова

    Даниела Стојанова, Соработник на проектdst@mcms.mk+ 389 2 3088 980 Даниела Стојанова е родена на 11 јуни 1977 година во Скопје. Има дипломирано на комуникации и медиуми, а во тек се и постдипломските студии на истата насока. Од 1992 година активно членува во граѓанските организации, а од 1996 до 2001 г. вршеше повеќе одговорни функции во…

  • Совет на МЦМС

    Членови на Советот на МЦМС 2025-2029 Елена Кочоска (Управен одбор на МЦМС) Надир Реџепи (ИнСоК) Герман Филков (Центар за граѓански комуникации) Лулзим Хазири (АДИ Гостивар) Симонида Кацарска (Институт за европска политика) Назиф Авди (Македонско здружение на млади правници) Неда Малеска – Сачмароска (Центар за управување со промени) Дејан Страчковски (Македонска православна црква) Ирсал Јакупи (Исламска…

  • Димче Митревски

    Димче Митрески, Извршен директорdmt@mcms.mk+389 2 3088 998 Роден на 05.11.1968 година во Прилеп. Во МЦМС е ангажиран од 1994 година. Тој е дел од средното раководство и одговорен за раководењето на Одделението за развој. Претходно бил член на ССУКМ како секретар за спорт и социјална политика. Активно е вклучен во градењето на капацитетите на локалната…