Започна анкетирањето на граѓанските организации
МЦМС го започна истражувањето Цивикус – Индекс на граѓанското општество за Република Македонија. Целта на истражувањето е да собере и сподели корисни и релевантни информации за состојбата со граѓанското општество.
Една од активностите е анкетата со граѓанските организации. Анкетата се спроведува преку интервјуа со претставници на граѓанските организации. Интервјуто е засновано на прашалник и трае најмногу половина час. МЦМС ангажираше анкетари што ќе ги спроведуваат интервјуата.
МЦМС ве поканува да се вклучите во анкетата. Доколку не бидете контактирани, а сакате да учествувате, испратете ни порака или јавете му се на анкетарот кој е одговорен за вашето место/регион. Претставникот на вашата организација кој ќе одговара на интервјуто треба да биде овластено лице кое е запознаено со повеќето аспекти на организацијата и граѓанското општество.

МЦМС за прв пат го спроведе овој меѓународен акциско-истражувачки проект во периодот 2004 – 2006 година, од кој произлезе сеопфатниот извештај за состојбата со граѓанското општество „По 15 години транзиција – од стабилизација кон граѓанско учество“.
| Анкетар | Е-пошта | Мобилен |
| Берово, Виница, Делчево, Кочани, Пехчево | ||
| Маја Стојменовска | rczdelcevo@gmail.com | 078/249-909 |
| Битола, Ресен | ||
| Марија Димова | marijadimova@yahoo.com | 070/919-101 |
| Велес, Гевгелија, Кавадарци, Неготино | ||
| Кирил Ефремовски | kefremovski@gmail.com | 072/268-088 |
| Дебар, Гостивар, Кичево, Тетово | ||
| Дамир Незири | damir.neziri@gmail.com | 070/348-994 |
| Кратово, Крива Паланка, Куманово, Свети Николе | ||
| Алберт Јумеровски | albert.jumerovski@gmail.com | 072/586-331 |
| Охрид, Струга | ||
| Јана Арсовска | jance_oh@yahoo.com | 071/352-117 |
| Прилеп | ||
| Бојан Јовановски | pp_bojan@yahoo.com | 070/524-079 |
| Скопје | ||
| Кирил Ефремовски | kefremovski@gmail.com | |
| Славица Танеска | 070/370-483 | |
| Сашо Андреевски | s.andreevski@gmail.com | 070/934-154 |
| Радовиш, Струмица, Штип | ||
| Кирил Чапов | kirilcapov@yahoo.com | 070/814-963 |