2001 – Соочување со вооружениот судир

2001-godina-na-soocuvanje-so-nasilen-sudir

МЦМС одговори на кризата и вложи многу напори за одржување на отворениот дијалог. Прв организира хуманитарна помош и прв ги започна активностите за реконструкција на живеалиштата. И покрај кризата, МЦМС ги промовираше списанието за граѓанско општество „Граѓански свет“, првиот „НВО Саем“ и наградите за граѓанско општество и одржлив развој.

За прв пат од постоењето Македонија се соочи со криза со вооружени судири на сопствена територија. Тоа доведе до влошување на севкупната состојба. МЦМС оперираше во сосема изменет амбиент на зголемена етничка недоверба, воени судири и ограничена безбедност, како и изострени социо-економски односи. Во втората половина на годината започна мировниот процес во земјата. Ова овозможи и започнување на процесот на враќање на раселените лица.

Во 2001 година МЦМС започна три големи активности кои во следните години станаа своевиден бренд на организацијата. За прв пат го издаде Граѓански свет –списанието за граѓанското општество во Македонија. Првиот НВО саем се одржа од 23 до 25 октомври 2001 година, во хотелот Александар палас, во Скопје. На простор од околу 1500 м2, 144 организации ги презентираа своите активности и дискутираа за идниот развој на секторот. Во јуни 2001 година за прв пат се додели Награда за граѓанско општество и демократија (ГОД).  ПДАС „Меѓаши“ ја доби наградата за долгогодишни постигнувања во граѓанското општество. За прв пат се додели и Награда за одржлив развој „Херт Јан ван Апелдорн“ (ГЈА). Првите добитници беа Јосиф Таневски, за долгогодишни постигнувања и Кристина Дикинсон за постигнувања во претходната година.  

Заедничка изјава. МЦМС иницираше активности за заедничка изјава за ненасилно решавање на конфликтите, заедно со пет други НВО со различна етничка позадина. „Деновиве се одвиваат настани за кои не можеме да немаме сопствено мислење и став, затоа што се работи за прашања кои продираат во суштината на демократијата и на нашето делување како граѓански организации… …Таква Македонија не се гради ниту со социјална неправедност, ниту со насилно решавање на разликите … Таква Македонија не се гради ни со избегнувањето или премолчувањето на вистинските проблеми. Затоа ние лично се оградуваме и го осудуваме насилното решавање на конфликтите…”

Патување  во Вратница. Колоната до Вратница беше предводена од тимот на ЕУММ. Со нас беа и шест новинари. Автобусите влегоа во Лешок за да се симнат лешочани. По кратко задржување во Теарце се упативме кон Вратница.„Убаво што го донесовте ова и многу ви благодариме“, ни вели една жена од селото, „но ние не сакаме да живееме од помош. Не ни треба помош, само нека биде слободно движењето до Тетово, да одиме на работа и од платите да живееме“. „Да има помош за сите“, слушам една од жените како зборува. „Па и Албанците во Јажинце се во иста ситуација како и ние. И нив треба да им се помогне“. Пристигнавме со помошта во Јажинце. За разлика од првиот пат кога бев дочекан со недоверба сега ме пречекаа со насмевка и широка прегратка. Луѓето беа задоволни. Четирите домашни НВО обезбедија значителна помош за жителите во тетовското кризно подрачје, без разлика на нивната етничка или верска припадност.

„МЦМС соодветно одгвори на кризата и вложи многу напори во активности за превенција на понатамошниот негативен развој на кризата и за поттикнување, односно за одржување на отворениот дијалог. И хуманитарната помош е за поддршка на мирот: брз одговор за смирување на страстите; работа на организации од различно потекло, итн. Една од главните карактеристики беше навремен одговор на потребите. МЦМС прв организира хуманитарна помош и прв ги започна активностите за посткризна рехабилитација (реконструкција на живеалиштата).”

Годишен извештај на МЦМС за 2001 година.

2001

Similar Posts

  • 1998 – МРФП и награда од ЕУ и САД

    1998 година на МЦМС му ја донесе најголемата награда, Наградата за демократија и граѓанско општество, доделена од САД и ЕУ. МЦМС ја основа Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) како дел од напорите за поголемо влијание во секторот на МСП и вработување. Законот за здруженија на граѓани и фондации е прв успешен пример за лобирање…

  • 2005 – Кажи ОК за МК

    МЦМС го направи првото сеопфатно истражување за граѓанското општество во Македонија „По 15 години транзиција – од стабилизација кон граѓанско учество“. Започна со јакнење на седум стратешки организации. МЦМС со две други организации ја подржа македонската кандидатура за членство за ЕУ со кампањата „Кажи ОК за МК“. Во декември Република Македонија се здоби со кандидатскиот…

  • 2008 – Добро управување во Македонија

    Работата во општините продолжи со програмата Форуми во заедниците и учеството во Стратегијата за реформи на комуналниот сектор. Повторно беа спроведени истражувањата Довербата во граѓанското општество и Опште-ствената одговорност на граѓаните. Беа реализирани две кампањи „Донирај од својот данок“ и „И Македонија и НАТО“, а започна и програмата „Добро управување во Македонија“. Заради вниманието на…

  • 2003 – Јас живеам овде

    МЦМС одбележа десет години на успех, кој е веќе потврден со бројните признанија. МЦМС во јубилејната година ги реафирмираше своите вредности со кампањата „Јас живеам овде“. Започна пилот-работа со црквите и верските заедници за меѓусебна толеранција. МЦМС го објави првиот број од „Граѓански практики“ во потрага на наше, домашно разбирање на граѓанското општество. МЦМС го…

  • 2010 – Донесени два значајни закона

    Годината ја одбележаа дебатите и донесувањето на значајните закони, за здруженија и фондации, како и за спречување и заштита од дискриминација. Меѓу Македонија и Северна Ирска започнаа студиските размени за искуствата за надминување на поделбите во општеството. МЦМС работеше на развој на капацитетот на Пелагонискиот плански регион. Македонија имаше доста нерамномерен напредок во своите еврионтеграциски…

  • Нашата историја

    Македонски центар за меѓународна соработка 1993-2003. Воспоставувањето и развојот на МЦМС, ги следеше промените во Македонија во овој транзициски период. Приказната за основањето и развојот на МЦМС е инспиративна и импресионирачка. МЦМС е основан во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите во односи со Светскиот совет…