Александра Сиљановска

Александра Сиљановска

Александра Сиљановска, Помлад соработник на проект
asl@mcms.mk
+389 2 3065 381

Родена е на 18 јули 1993 година во Скопје. Дипломира на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во текот на студиите е волонтер во студентската организација „Борд на европски студенти по технологија“ и шест месеци е практикант за економија и трговија во Холандската амбасада во Република Македонија. Од април 2017 година се вклучува во тимот на МЦМС како помлад соработник. Во моментов работи во програмата за развој на граѓанското општество „Цивика мобилитас“. Нејзиниот фокус се односите со јавноста и во тие рамки: комуникација со медиумите, промоција преку информативни изданија и користење на нови технологии.

Similar Posts

  • Даниела Стојанова

    Даниела Стојанова, Соработник на проектdst@mcms.mk+ 389 2 3088 980 Даниела Стојанова е родена на 11 јуни 1977 година во Скопје. Има дипломирано на комуникации и медиуми, а во тек се и постдипломските студии на истата насока. Од 1992 година активно членува во граѓанските организации, а од 1996 до 2001 г. вршеше повеќе одговорни функции во…

  • Горан Стаматоски

    Горан Стаматоски, Помлад соработник на проектgst@mcms.mk +389 2 3065 381 Горан Стаматоски е роден 29.10.1989 во Битола. Додипломец на Институтот за Етнологија со Антропологија, со интереси во социјалните аспекти на материјалната и духовната култура. Во текот на студирањето се стекнува со неколку месечни волонтерски/работни искуства. Преку невладината организација „Креактив” и Волонтерскиот Центар Скопје, како дел…

  • Милка Божиновска-Миова – Консултант

    Милка Божиновска-Миова, Консултант/Обучувачmmv@mcms.mk Родена на 30.12.1960 година во Скопје. Дипломира на Економскиот факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј„- Скопје, на Планско-аналитичка насока. Има 24 години работно искуство во финансиско-сметководствената струка. 12 години во „Југосуровина “, од кои 6 на раководна функција, и 3 години во книговодствено-консалтинг биро „Геа“. Од 2000 година е вработена во…

  • Данило Митов

    Данило Митов, Домаќинdmv@mcms.mk+ 389 2 3088 974 Роден на 30.08.1960 година во Росоман. Основното училиште го завршува во Росоман, додека средното образование го завршува во ЕМУЦ „Никола Тесла“ во Скопје. По професија е машински техничар. Во МЦМС е вработен од 1999 година.

  • Емина Нурединоска

    Емина Нурединоска, раководителenr@mcms.mk+ 389 2 3088 979 Родена е на 16.04.1974 година, во с. Жировница. Дипломира на Правниот факултет во Скопје во 1997 година. Од 2010 година магистер е по меѓународно право – тема „Слободата на здружување како човеково право во демократијата“ на Правниот факултет „Јустинијан 1“ во Скопје. Фокусот на активности е институционален развој…

  • Сашо Клековски – Консултант

    Сашо Клековски, Консултантsasho@klekovski.mk Роден е на 13 април 1966 г. во Скопје. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје. Од 1994 г. е извршен директор на МЦМС. Има над 20 години работно искуство во граѓанските организации во Македонија, а како консултант е ангажиран изминатите 10 години. Со практично искуство во раководење и подготовка на секторски анализи…