Емина Нурединоска

Емина Нурединоска

Емина Нурединоска, раководител
enr@mcms.mk
+ 389 2 3088 979

Родена е на 16.04.1974 година, во с. Жировница. Дипломира на Правниот факултет во Скопје во 1997 година. Од 2010 година магистер е по меѓународно право – тема „Слободата на здружување како човеково право во демократијата“ на Правниот факултет „Јустинијан 1“ во Скопје. Фокусот на активности е институционален развој и создавање овозможувачка околина за граѓанските организации, а посебен интерес е правната и фискалната рамка за граѓанските организации, нивна вклученост во креирање на политиките и промоција на граѓанскиот сектор во јавноста. Автор е на повеќе анализи од областа на граѓанскиот дијалог на национално и локално ниво, транспарентното вклучување на јавноста во креирањето на политиките, јавното финансиран за граѓанските организации, и сл. Исто така, испорачува обуки за застапување и лобирање; добро управување во граѓанските организации; процес на креирање политики и донесување закони. Од декември 2005 до септември 2007 година беше лидер на тимот на проектот на Европската агенција за реконструкција (ЕАР) „Техничка поддршка на Одделението за граѓанско општество во Владата на Република Македонија“, во чии рамки беше подготвена Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор. Во периодот од 2008 до 2011 ги координира активностите на програмите Македонија без дискриминација и Добро управување во Македонија, а во моментов раководи со програмата на УСАИД за борба против корупцијата која ја спроведува МЦМС. Од октомври 2010 година е раководител на Одделението за граѓанско општество и демократизација во МЦМС.

LinkedInhttp://mk.linkedin.com/in/eminanuredinoska

{slide=Фотографии за прес со висок квалитет/резолуција}
Emina NuredinoskaEmina Nuredinoska{/slide}

 

Similar Posts

  • Управен одбор на МЦМС

    Управен одбор на МЦМС 2025-2029 Елена Кочоска Надир Реџепи Васил Манасиев Неда Милевска Костова Тетјана Лазаревска Сања Васиќ Назим Рашиди {slide=Управен одбор на МЦМС 2021-2025} Елена Кочоска Насер Селмани Самет Скендери Бобан Митевски Назим Рашиди Неда Милевска Костова Сања Васиќ {/slide} {slide=Управен одбор на МЦМС 2017-2021} Бобан Митевски Горан Михајловски Елена Кочоска Насер Селмани Самет…

  • Валентина Чичева

    Валентина Чичева, Координатор на програмиvch@mcms.mk+ 389 2 3088 984 Родена е на 28.02.1969 г. во Скопје. Во 1993 г. дипломира на Технолошко-металуршкиот факултет, а во 2008 г. магистрира на Економскиот институт отсек Финансиски менаџмент при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Во МЦМС работи од 1994 година во Административно финасиското одделение, а од 2000…

  • Извршна канцеларија

    Граѓанско општество Проекти за граѓанско општество и добро владеење Валентина Величковска, Соработник на проекти, vat@mcms.mk, +389 2 3065 381Јасмина Ристовска, Соработник на проекти, jrs@mcms.mk, +389 2 3065 381Снежана Камиловска Трповска, Соработник на проекти, skt@mcms.mk, +389 2 3088 983Александра Савевска, Соработник на проекти, asv@mcms.mk, +389 2 3065 381Јасмина Чаушоска, Соработник на проекти, jch@mcms.mk, +389 2 3088…

  • Даниела Стојанова

    Даниела Стојанова, Соработник на проектdst@mcms.mk+ 389 2 3088 980 Даниела Стојанова е родена на 11 јуни 1977 година во Скопје. Има дипломирано на комуникации и медиуми, а во тек се и постдипломските студии на истата насока. Од 1992 година активно членува во граѓанските организации, а од 1996 до 2001 г. вршеше повеќе одговорни функции во…

  • Борис Ристовски

    Борис Ристовски, Соработник за интернет и нови медиумиbrs@mcms.mk+ 389 2 3088 972 Борис Ристовски е роден на 28 јуни 1983 година. Во МЦМС е вработен како соработник за интернет и нови медиуми  и работи на развој на веб базирани решенија како и присуство на социјалните медиуми. Дипломиран инженер за интернет и мобилни технологии на Институт…