Александра Савевска

Александра Савевска

Александра Савевска, Соработник на проект
asv@mcms.mk
+389 2 3068 381

Александра Савевска е родена на 21 март 1985 година во Скопје. Дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје на институтот за Психологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Како аплсолвент на психологија, со стипендија од Универзитетот во Јончипег се запишува на Универзитет на Југоисточна Европа на Факултетот за јавна администрација и политички науки и се стекнува со диплома по Лидерство и младинска работа во заедницата. Магистерски студии по демократија и човекови права завршува на Универзитетот во Болоња и Универзитетот во Сараево како стипендист на Региналната европска магистерска програма за демократија и човекови права (ЕРМА).

Од 2008 е активно вклучена во граѓанскиот сектор во Македонија и регионот како волонтер, проектен координатор и истражувач покривајќи теми поврзани со човековите права, социјалната заштита и социјалната инклузија. Во МЦМС се вклучува во 2018 година во Одделението за граѓанско општество и демократизација како координатор на програмата Одржливо граѓанско општетсво – државно финансирање за граѓански организации.

Similar Posts

  • Управен одбор на МЦМС

    Управен одбор на МЦМС 2025-2029 Елена Кочоска Надир Реџепи Васил Манасиев Неда Милевска Костова Тетјана Лазаревска Сања Васиќ Назим Рашиди {slide=Управен одбор на МЦМС 2021-2025} Елена Кочоска Насер Селмани Самет Скендери Бобан Митевски Назим Рашиди Неда Милевска Костова Сања Васиќ {/slide} {slide=Управен одбор на МЦМС 2017-2021} Бобан Митевски Горан Михајловски Елена Кочоска Насер Селмани Самет…

  • Валентина Величковска

    Валентина Величковска, Соработник на проектvat@mcms.mk+389 2 3065 381 Валентина Атанасовска е родена на 22.02.1976 година во Крива Паланка. Во 1999 година дипломира на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнува со звањата „Професор по англиски јазик и книжевност“ и Филолог по англиски јазик и книжевност – преведувач. Во 2002…

  • Борис Ристовски

    Борис Ристовски, Соработник за интернет и нови медиумиbrs@mcms.mk+ 389 2 3088 972 Борис Ристовски е роден на 28 јуни 1983 година. Во МЦМС е вработен како соработник за интернет и нови медиуми  и работи на развој на веб базирани решенија како и присуство на социјалните медиуми. Дипломиран инженер за интернет и мобилни технологии на Институт…

  • Валентина Чичева

    Валентина Чичева, Координатор на програмиvch@mcms.mk+ 389 2 3088 984 Родена е на 28.02.1969 г. во Скопје. Во 1993 г. дипломира на Технолошко-металуршкиот факултет, а во 2008 г. магистрира на Економскиот институт отсек Финансиски менаџмент при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Во МЦМС работи од 1994 година во Административно финасиското одделение, а од 2000…