Коментар на предлогот за нова методологија подготвен од страна на Европската комисија
Организациите кои се дел од Мрежата за развој и интегритет на Југоисточна Европа – СЕЛДИ изработија краток коментар на предлогот за нова методологија подготвен од страна на Европската комисија.
Во коментарот насловен како „The new approach on Enlargement: good ideas in need of a captain“ се посочува на главните придобивки од предлогот за нова мeтедологија кои се во линија на препораките на СЕЛДИ и тоа:
- поголем фокус на политичка вклученост и економски основи,
- мејнстрим на анти-корупциски напори во повеќе области не само во антикорупциските институции и судството,
- континуирано вклучување на локалните лидери во реформите,
- справување со влијание на трети земји и
- зачувување на односите помеѓу ЕК и граѓанското општество.
СЕЛДИ очекува заложбите на ЕУ за новиот пристап да бидат тестирани на Самитот во Загреб во мај 2020. Влијанието ќе зависи од лидерството, волјата и способностите на ЕУ да испорача демократија во регионот.
Преземи ја целосната анализа на предлог методологијата и препорака за идните чекори на: