Зошто да донирам?

За да им помогнете на оние кои имаат потреба!
За да бидете солидарни и општествено одговорни!

Донацијата претставува доброволна и безусловна помош во пари, добра или услуги која не создава ниту директна корист за донаторот ниту обврска за враќање од примателот.

Вашата донација, без разлика дали е голема или мала, во пари, време или добра ќе донесе промени на подобро. Некогаш тоа ќе значи подобрени услови за учење или живот, а некогаш и позитивна промена во заедницата или општеството. Можете да донирате за да направите разлика во животот на одредено лице, но можете да донирате и на граѓанска организација која ќе направи разлика во општеството и чии цели и вредности ги споделувате. Правејќи добро за другите, правите добро за себе!

Има многу начини како да донирате или дарувате: да го донирате кусурот во кутијата за добротворни прилози во некоја продавница, да пратите СМС за донација, да купите разгледници или карти за концерт чиј приход оди за хуманитарни или развојни цели, да одвоите дел од својот данок за граѓанските организации, да дарувате алишта или мебел во хуманитарна организација, црква или верска заедница…

Вашата донација може да биде и од вашето семејство или поширока фамилија, од претпријатието кое го поседувате/раководите или каде работите…

 

Similar Posts

  • Раководење со канцеларијата на СГО 2006

    Општа цел на проектот беше да се обезбеди поддршка на Владата за изработката и спроведувањето на кохерентна долгорочна политика и стратегија за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. Цели на проектот беше ефективно раководење со програмската канцеларија и спроведување (координирање) на програмата    Целна група беа Владата на Република Македонија, неколку министерства и органи на државната…

  • За подобри услови во училиштата – донирајте сега!

    Само во претходните две години МЦМС со приватни донации успеа да овозможи подобри услови за работа на 1.544 ученици и 219 наставници во руралните средини во Македонија. Овогодишните активности ќе им го олеснат одвивањето на образованието на уште 837 ученици и 96 наставници во основните училишта во руралните средини во Македонија. Донирајте и вие за…

  • Сведоштва

    Учениците, наставниците и родителите се презадоволни со подобрените услови во училиштето Гоце Делчев во с. Конче. „Децата поминуваат доста време во училиштето и престојот таму треба да им биде пријатен“, вели Данче Костадинова, мајка на четвртооделенецот Кристијан. „Син ми е одушевен од промените, прозорците им биле поубави и од тие дома“, раскажува таа со насмевка….

  • Прибирање средства со Телетон

    МЦМС, во рамките на својата програма Кампањи за мобилизација на фондови (КМФ), покрај следењето на трендовите за добротворството на граѓаните во Македонија (со редовни годишни истражувања), ги проверува и можностите за директна поддршка на граѓанските организации со повеќе методи применувани во други земји. Во досегашниот период беа организирани кампањски активности и во тие рамки –…

  • Како може моето претпријатие да донира?

    Вашата донација покажува дека сте добар корпоративен граѓанин, дека вашето претпријатие се грижи за луѓето и за заедницата во која делува. Со донацијата покрај што им помагате на оние кои имаат потреба, ја градите и свеста кај вашите вработени, но и нивниот морал. МЦМС се залага и ја поддржува општествената одговорност на претпријатијата. Во таа…

  • Можностите во МЦМС

    Сакам да се вклучам во работата на МЦМС! Постојат повеќе начини да се вклучите во работата на МЦМС. Може да волонтирате, да ја реализирате вашата пракса, да споделите идеи и предлози за нашата работа, да ги подготвувате вашите дипломски и магистерски трудови, докторски дисертации на темите релевантни за секторите во кои делува МЦМС, да ја…