Македонија домаќин на 2-та средба на Заедничкиот консултативен комитет

Македонија домаќин на 2-та средба на Заедничкиот консултативен комитет

На 25 февруари оваа година, во Скопје, во х. Холидеј ин, ќе се одржи втората средба на Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК) на граѓанското општество на ЕУ и Република Македонија.

Во првиот дел од средбата воведни излагања ќе имаат Сашо Клековски (МЦМС), ко-претседател на ЗКК, Владимира Дрбалова, ко-претседател на ЗКК, Васко Наумовски, заменик претседател на Владата на РМ за европски прашања, Џелал Бајрами, министер за труд и социјална работа и Ерван Фуере, специјален претставник и шеф на делегацијата на Европската комисија во РМ.

На средбата ќе се разговара околу напредокот на Република Македонија кон ЕУ и ќе бидат презентирани извештаите за социјалните и економските права.

ЗКК е заедничко консултативно тело кое има цел да ги набљудува односите помеѓу ЕУ и Република Македонија од гледна точка на граѓанското општество. ЗКК ќе ги промовира контактите и дискусијата помеѓу претставниците на граѓанското општество на двете страни по прашања од заеднички интерес.

Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК) го сочинуваат 12 претставници од граѓанското општество од ЕУ и од Република Македонија.

Similar Posts