Визното олеснување во Македонија
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денес, 10 јуни 2008 година, во Холидеј ин во Скопје одржа прес конференција на која информираше за проектот за набљудување на визното олеснување во Македонија.
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денес, 10 јуни 2008 година, во Холидеј ин во Скопје одржа прес конференција на која информираше за проектот за набљудување на визното олеснување во Македонија.
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ве поканува на прес конференција на која ќе бидат презентирани активностите што се однесуваат на спроведувањето на договорот за визно олеснување за граѓаните на Република Македонија.
Европскиот економскиот и социјален комитет го одобри мислењето „Односите меѓу Европската унија и поранешната југословенска Република Македонија: улогата на граѓанското општество“
МЦМС и ЦИРа ве покануваат на промоцијата на три изданија од програмата за работа на Граѓанската платформа на Македонија од областа на законската рамка за граѓанските организации. Промоцијата ќе се одржи на 19 февруари 2008 г., (вторник) во хотелот „Континентал“ во Скопје со почеток во 11 часот.
МЦМС во декември 2007 година го објави истражувањето Општествена одговорност на граѓаните. Целта на истражувањето е анализа на перцепциите и ставовите на граѓаните во однос на општествената одговорност (владеење на правото и граѓанска партиципација).
Македонскиот центар за меѓународна соработка денес, (29 јануари 2008 година) го промовираше извештајот од истражувањето „Општествена одговорност на граѓаните“. Ова истражување, МЦМС го спроведува по втор пат. Извештајот е резултат на потребата да се провери каква е општествената одговорност на граѓаните.
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 29 јануари 2008 година, во 11 часот, во Клубот на новинари ќе го промовира извештајот од истражувањето за Општествената одговорност на граѓаните.