БЦСДН одржа Втор годишен состанок на Совет

БЦСДН одржа Втор годишен состанок на Совет

На 31 март, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) одржа Втор годишен состанок на Совет во Сараево, Босна и Херцеговина. Домаќин на состанокот беше Центарот за промоција на граѓанското општество.

Состанокот собра 11 постоечки и една нова организација Институтот за демократија и медијација од Тирана, Албанија. Советот го усвои Годишниот деловен и финансиски извештај за 2009 година, Годишниот деловен и финансиски план за 2010, Деловникот за работа на Советот, Принципите за одредување на членарината и селекција на независен ревизор за периодот јануари 2010 – јули 2011 година.

На Советот се информираше и за избраниот нов претседавач на Одборот, Миленко Дерета со мандат до 7 јули 2011 година, На маргините на состанокот, беа дискутирани заеднички билатерални и мултилатерални иницијативи за размена и соработка.

Similar Posts