Време: Имаме ли јајца?
Одличен слоган на кампањата на МЦМС: „Имаме јајца – кажи Македонија“. И вербално и визуелно е атрактивен. Удира на прва, јасен е, има штос, тајмингот е погоден – пред и за време на Велигден, па пораката не е вулгарна.
Одличен слоган на кампањата на МЦМС: „Имаме јајца – кажи Македонија“. И вербално и визуелно е атрактивен. Удира на прва, јасен е, има штос, тајмингот е погоден – пред и за време на Велигден, па пораката не е вулгарна.
Ромите во Македонија имаат најмногу права од сите нивни собраќа во поранешните социјалистички држави во Источна Европа. Според студијата на американскиот политиколог Ебен Фридман, степенот до кој македонските Роми се вклопени во општеството можеби е највисок што оваа етничка група го имала кога било и каде било.
Македонија ќе влезе во ЕУ кога власта ќе се справи со корупцијата, невработеноста, непотизмот и кога ќе почне да ги почитува законите што сама ги донесува. Државата треба да ги искористи сите можности за што побрз влез во ЕУ, вклучувајќи ги и потенцијалите на невладините организации, рекоа учесниците на завршната сесија на тридневниот Форум на…
Под мотото „Заедно за едно – Македонија во Европската Унија“ вчера во Скопје почна четвртиот Форум на граѓанското општество, кој има цел да ги подобри комуникацијата и соработката меѓу невладините организации, државата, деловниот сектор и граѓаните. Саемот ќе трае до недела.
Европска интеграција на Македонија, но и дебати за сиромаштијата, невработеноста, корупцијата и за различните стратегии за одржливоста на граѓанскиот сектор се темите на кои ќе се фокусираат четвртиот НВО-саем и Форумот за граѓанско општество, кој ќе се одржи од петок до недела во втората и третата хала на скопското Сајмиште.
Комплетната содржина на монографијата „10 години МЦМС“ може да ја најдете во одделот „историја“. Во неа детално е одбележан развојот на организацијата во текот на првата деценија од нејзиното постоење (1993-2003).
Жителите од село Арнакија во Општина Сарај за десетина дена треба да добијат вода. Муамеди Бекир, директор на ЈКП “Сарај”, вели дека неделава работат на поврзување на водоводната мрежа со изворот Рашче, односно на главната градска водоводна мрежа и дека најдоцна за десетина дена треба да бидат поставени и приклучоците до домовите на 1.200 жители…
Следната недела во селото Копаница во Општина Сарај ќе почне реконструкцијата на главната водоводна мрежа и на резервоарот за вода.
Специјална олимпијада – Македонија ја доби наградата за одржлив развој Херт Јан ван Апелдорн за постигнување во претходната година, која четврта година по ред ја доделува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Како што објаснија претставниците на МЦМС, на свечената церемонија, наградата се доделува „за промоција и за поддршка на правото на поединците, групите и…
Претставници на невладиниот сектор што ја организираа кампањата „Кажи Македонија“ во текот на мај ќе се сретнат со европски политичари во седиштето на Советот на Европа, во Стразбур.