Вест: Ќе се обновуваат водоводот и резервоарот во селото Копаница
Следната недела во селото Копаница во Општина Сарај ќе почне реконструкцијата на главната водоводна мрежа и на резервоарот за вода.
Следната недела во селото Копаница во Општина Сарај ќе почне реконструкцијата на главната водоводна мрежа и на резервоарот за вода.
Специјална олимпијада – Македонија ја доби наградата за одржлив развој Херт Јан ван Апелдорн за постигнување во претходната година, која четврта година по ред ја доделува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Како што објаснија претставниците на МЦМС, на свечената церемонија, наградата се доделува „за промоција и за поддршка на правото на поединците, групите и…
Претставници на невладиниот сектор што ја организираа кампањата „Кажи Македонија“ во текот на мај ќе се сретнат со европски политичари во седиштето на Советот на Европа, во Стразбур.
Жителите од село Арнакија во Општина Сарај ќе добијат водовод најдоцна до крајот на мај. Имер Селмани, градоначалник на Општината, вели дека градежните работи за поставување секундарна водоводна мрежа, во должина од 9 километри, се при крај и дека во следните месец и половина треба да постават приклучоци до индивидуалните објекти.
Македонската делегација во парламентарното собрание на Советот на Европа и граѓанскиот сектор заеднички ќе го убедуваат светот Македонија да ја нарекува со уставното име, а не со референцата ФИРОМ.
Иницијаторите на граѓанската акција “Кажи Македонија” вчера и предадоа протестно писмо, 50.000 потписи и илјадници картички со порака “Не ме фиромирај, викај ме Македонија” на македонската парламентарна делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Во 15 града низ Македонија од вчера продолжи кампањата „Кажи: Македонија!“, во која граѓаните испраќаат пораки до Советот на Европа против документот со кој македонскиот народ, јазик и култура се нарекуваат „словенски“. Кампањата ќе трае до петок, најавија организаторите.
Десетина македонски невладини организации, институции и здруженија на граѓани вчера упатија остар протест против директивата на Советот на Европа за терминологијата наменета за Македонија, обвинувајќи го Советот оти директно го напаѓа мултикултурниот идентитет на земјата, вграден во Уставот и Рамковниот договор.
За десетина дена ќе почне изградбата на водоводот за селата Долна и Горна Арнакија во Општина Сарај. Имер Селмани, градоначалник на Општината, вели дека во моментов прибираат понуди за изведувач на градежниот зафат и дека, по затворањето на тендерите, веднаш ќе почнат со работа на терен.
Со социо-културен настан во саботата вечерта заврши третиот НВО саем -Форум на граѓанско општество во Македонија кој се одржа во халите на Скопски саем од 20 до 22 ноември. Саемот кој беше организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка, Фондацијата Институт отворено општество Македонија и Институтот за трајни заедници го посетиле околу 10. 000 лица.