Борбата за името ги сплоти граѓаните и политичарите
Македонската делегација во парламентарното собрание на Советот на Европа и граѓанскиот сектор заеднички ќе го убедуваат светот Македонија да ја нарекува со уставното име, а не со референцата ФИРОМ.
Македонската делегација во парламентарното собрание на Советот на Европа и граѓанскиот сектор заеднички ќе го убедуваат светот Македонија да ја нарекува со уставното име, а не со референцата ФИРОМ.
Иницијаторите на граѓанската акција “Кажи Македонија” вчера и предадоа протестно писмо, 50.000 потписи и илјадници картички со порака “Не ме фиромирај, викај ме Македонија” на македонската парламентарна делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Во 15 града низ Македонија од вчера продолжи кампањата „Кажи: Македонија!“, во која граѓаните испраќаат пораки до Советот на Европа против документот со кој македонскиот народ, јазик и култура се нарекуваат „словенски“. Кампањата ќе трае до петок, најавија организаторите.
Десетина македонски невладини организации, институции и здруженија на граѓани вчера упатија остар протест против директивата на Советот на Европа за терминологијата наменета за Македонија, обвинувајќи го Советот оти директно го напаѓа мултикултурниот идентитет на земјата, вграден во Уставот и Рамковниот договор.
За десетина дена ќе почне изградбата на водоводот за селата Долна и Горна Арнакија во Општина Сарај. Имер Селмани, градоначалник на Општината, вели дека во моментов прибираат понуди за изведувач на градежниот зафат и дека, по затворањето на тендерите, веднаш ќе почнат со работа на терен.
Со социо-културен настан во саботата вечерта заврши третиот НВО саем -Форум на граѓанско општество во Македонија кој се одржа во халите на Скопски саем од 20 до 22 ноември. Саемот кој беше организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка, Фондацијата Институт отворено општество Македонија и Институтот за трајни заедници го посетиле околу 10. 000 лица.
Реките Којнарка и Липковка вчера се излеаја и поплавија 100 куќи и неколку станбени згради во кумановските населби “Средорек” и “Водовод”, поради што 1.500 луѓе ги напуштија домовите
Скопски “Алкалоид”, А1 Телевизија, Македонското женско лоби и Боге Чадиновски се годинешните добитници на наградите за Одржлив развој “Херт Јан Апелдорн” и за Граѓанско општество и демократија.
Отворена е нова S.О.S линија за помош на зависниците од дрога. Здружението на социјални работници на град Скопје, заедно со Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС, отвори бесплатна телефонска линија: 080011444, на која освен информации за превенција и злоупотреба на наркотични средства, ќе може да се добијат информации и за сидата.
Обезбедени се 500.000 долари од донации на цркви од Западна Европа и од Америка и 200.000 долари од канадската влада. Во кумановското село Лопате има 20, а во скопското село Брњарци 12 оштетени објекти.