Вест: Мобилизација на граѓанското општество
Со социо-културен настан во саботата вечерта заврши третиот НВО саем -Форум на граѓанско општество во Македонија кој се одржа во халите на Скопски саем од 20 до 22 ноември. Саемот кој беше организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка, Фондацијата Институт отворено општество Македонија и Институтот за трајни заедници го посетиле околу 10. 000 лица.