Даниела Стојанова – Консултант

Даниела Стојанова

Даниела Стојанова, Обучувач/Консултант
dsj@mcms.mk
+ 389 2 3088 980

Даниела Стојанова има 15-годишно работно искуство (волонтерство, активизам и професионална работа) во граѓанските организации во Република Македонија. Во 1995 година се вклучува во првиот тим македонски тренери обучуван од страна на Регионалниот центар за животна средина (Унгарија) и Институтот за трајни заедници (САД). Во 1997 година посетува и 3-месечна обука за работа во граѓанските организации каде поминува низ 20-тина модули на основни и напредни обуки од организациски и институционален развој на граѓанските организации, но и други теми. Од тој период сè досега има испорачано повеќе обуки за граѓанските организации од Македонија. Таа исто така редовно посетува обуки во и надвор од Македонија за надградба на нејзиното знаење и искуство. Со оглед на нејзината долгогодишна работа во Движењето на екологистите на Македонија, а потоа и раководењето на секретаријатите на Мрежата на еколошки НВО на Југоисточна Европа (2001-2004) и на Граѓанската платформа на Македонија (2004-2006), нејзината основна област за испорака на обуки е вмрежувањето. Од 2005 година започнува да се надоградува и да испорачува обуки и консултации за мобилизација на ресурси/финансиска одржливост. Таа исто така има испорачувано повеќе обуки и за комуникациски вештини и односи со јавност (медиуми). За наведените области таа поседува и теоретско познавање и искуство од секојдневната работа.

Similar Posts

  • Сашо Клековски

    Сашо Клековскиsasho@klekovski.mk Роден е на 13 април 1966 година во Скопје. Завршил Медицински факултет во Скопје. Оженет со Ана и има две деца Ангелина и Никола. Неговото искуство е дваесетгодишна работа на раководни позиции во граѓанскиот сектор. На крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите ги води Сојузот на студентите по медицина на Македонија и…

  • Извршна канцеларија

    Граѓанско општество Проекти за граѓанско општество и добро владеење Валентина Величковска, Соработник на проекти, vat@mcms.mk, +389 2 3065 381Јасмина Ристовска, Соработник на проекти, jrs@mcms.mk, +389 2 3065 381Снежана Камиловска Трповска, Соработник на проекти, skt@mcms.mk, +389 2 3088 983Александра Савевска, Соработник на проекти, asv@mcms.mk, +389 2 3065 381Јасмина Чаушоска, Соработник на проекти, jch@mcms.mk, +389 2 3088…

  • Јелмаз Дервиши

    Јелмаз Дервиши, Соработник на проектиjdr@mcms.mk +389 2 3065 381 Роден е на 29.06.1985г. во Тетово. Дипломира комуникациски студии на Факултетот за комуникациски науки и технологии на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Во моментов е во завршен процес на постдипломските студии на Институтот за комуникациски студии во Скопје на програмата за Mенаџирање на стратегиски комуникации….

  • Димче Митревски

    Димче Митрески, Извршен директорdmt@mcms.mk+389 2 3088 998 Роден на 05.11.1968 година во Прилеп. Во МЦМС е ангажиран од 1994 година. Тој е дел од средното раководство и одговорен за раководењето на Одделението за развој. Претходно бил член на ССУКМ како секретар за спорт и социјална политика. Активно е вклучен во градењето на капацитетите на локалната…

  • Адил Бакиу

    Адил Бакиу, Соработник на проектиabk@mcms.mk +389 2 3088 995 Роден на 10.07.1982 во Скопје. Студира на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во периодот од 2003 до 2006 година волонтирал во Полио Плус – Движење против хендикеп, а во 2007 година основа компанија за информатички услуги….

  • Гонце Јаковлеска

    Гонце Јаковлеска, Извршен директорgjk@mcms.mk+ 389 2 3088 970 Родена на 13.07.1969 во Радовиш. Дипломира на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Белград, а во 2013 година се стекнува со звањето магистер по комуникации на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања во Скопје. Таа е соработник за односи со јавноста во МЦМС од 1996…