Фацилитација на настани

Фацилитацијата на настаните подразбира обезбедување на консултант кој врз основа на подготвен дневен ред обезбедува водење на дискусија, решавање на проблем и донесување заклучоци. При тоа се применува концептот на партиципативно донесување на одлуки во група кое осигурува целосна вклученост, взаемно разбирање, решенија кои ги земаат предвид интересите на сите и споделување на одговорноста меѓу учесниците. Фацилитаторот на МЦМС има улога на поддржувач на учесниците во текот на дискусијата за тие да извлечат најмногу од себе, да осигура аргуметирана и продуктивна расправа и да ги доведе учеснците до заеднички и прифатливи решенија.

Во зависност од барањето на нарачателот фацилитацијата на настаните може да вклучи и подготовка на извештај или записник, како и организациска/логистичка поддршка за подготовка на истиот.

МЦМС спроведува фацилитација на различни типови на настани вклучувајќи работилници, тркалезни маси, јавни дебати, форуми, конференции и др.

Similar Posts

  • Односи со јавноста

    Односите со јавноста, во последно време, доживуваат вистински подем. Со право се смета дека нивното време доаѓа. Но за да очекуваме полза од нив, мораме да ги познаваме вештините за односите со јавноста. Што се тоа односи со јавноста? Зошто ни се потребни? Што ќе постигнеме со нив? Односите со јавноста ви овозможуваат да го…

  • Застапување и лобирање

    Ова обука започнува од позицијата дека термините застапување и лобирање се користат во врска со широк ранг на активности. Постојат бројни дефиниции за застапување и лобирање и не постои „точна“ дефиниција. Препорачливо е да постои одлука за дефиницијата што ќе се користи која е релевантна на локалниот контекст во кој луѓето работат и која е…

  • Консултанти

    Консултантите на МЦМС имаат долгогодишно искуство во испорака на обуки и консултации, како и соодветно искуство во определените области (минимум 3 години). Тие имаат напредни вештини за испорака на обука и консултации и практично искуство, што им овозможува покрај стандардни обуки, да подготвуваат и спроведуваат консултации дизајнирани специфично според барањата на корисниците. Тимот на консултанти…

  • Напреден менаџмент

    Успехот на една компанија е директно поврзан со способноста на нејзините менаџери да го поттикнат најдоброто во секој вработен, да извлечат максимум од тимот како целина, навреме да ги согледаат заканите во опкружувањето и да применат соодветни пристапи за организациско прилагодување и промени. На оваа обука, искусните менаџери можат да ги освежат своите мисли, да…

  • Системи и процедури

    Систем е збир на договори кои имаат за цел регулирање на активностите на управување и персонал со еден или повеќе поврзани организациски процеси. Како такви, системите се договори за внатрешните процеси и даваат насоки за нив. Системите можат да се опишат, врз основа на јасни договори, во една процедура. Еден систем не мора да биде…

  • Интегрирано раководење со проектен циклус

    Раководење со проектен циклус значи адекватно раководење и фацилитирање со портфолиото на проекти или програми. Раководење со портфолио на проекти или програми е комплексно заради големиот број на интервенции кои се превземаат како и големиот број на вклучени страни. РПЦ е комбинација на пристап, употреба на различни инструменти како и поврзување на овој пристап и…