Оценки и анализи

Благодарение на доброто познавање на соодветните методологии и долгогодишното практично искуство тимот на консултанти на МЦМС врши различни оценки и анализи на институционално, секторско, организациско и проектно ниво.

И овде МЦМС тежнее да применува партиципативни методологии кои овозможуваат прибирање и аргументирање на ставовите на сите засегнати страни: прашалници, структурирани интервјуа, прибирање и анализа на релевантна литература, работилници и др.

Целиот процес на оценување и анализа се организира на таков начин за да обезбеди позитивна повратна информација и да поттикна организациско учење и развој за сите засегнати.

Краен резултат е извештај кој се подготвува во две фази: нацрт форма која се дискутира со нарачателот и засегнатите, а потоа врз основа на добиените забелешки се подготвува конечен извештај.

МЦМС спроведува оценки на организациските капацитети, оценки на проекти, програми, акциони и стратешки планови, оценки на капацитети на ниво на сектор, анализи на контекстот и правното опкружување и други анализи во зависност од потребите.

Similar Posts

  • Фацилитација-водење на процеси

    Фацилитацијата на процеси подразбира ангажман на искусен консултант со цел тој да води/олеснува некој процес кој се одвива на организациско или институционално ниво. Тука може да биде вклучено водење низ стратешко планирање, годишно планирање, идентификациона мисија, формулациона мисија, воведување или ревизија на организациски системи и процедури и др. Фацилитацијата на процесите која ја обезбедува МЦМС…

  • Листа на референци

    ОБСЕ Канцеларија на Народен правобранител на РМ Министерство за труд и социјална политика Министерство за образование и наука Министерство за внатрешни работи Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Агенција за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој Сојуз на стопански комори Граѓански организации …

  • Системи и процедури

    Систем е збир на договори кои имаат за цел регулирање на активностите на управување и персонал со еден или повеќе поврзани организациски процеси. Како такви, системите се договори за внатрешните процеси и даваат насоки за нив. Системите можат да се опишат, врз основа на јасни договори, во една процедура. Еден систем не мора да биде…

  • Курсеви

    Курсевите се организирани настани со цел да овозможат процес на обука во група на учесници кој е олеснет од компетентно лице-обучувач/фацилитатор. Методите и техниките кои се користат на курсевите на МЦМС (презентација, бура од идеи, групна работа, студија на случај, игри, дискусии и драматизација) се интерактивни и стимулираат комуникација и споделување на искуствата помеѓу учесниците…

  • Решавање на конфликти

    Конфликтите се неизбежен дел на нашето секојдневие. Ти е се составен дела на односите меѓу луѓето, па дури и меѓу оние кои многу си значат едни на други. Луѓето се склони на конфликтите да гледаат исклучиво како на нешто што е многу лошо, негативно, нешто што треба да се избегне. Но, каков ќе биде исходот…