Фацилитација-водење на процеси

Фацилитацијата на процеси подразбира ангажман на искусен консултант со цел тој да води/олеснува некој процес кој се одвива на организациско или институционално ниво. Тука може да биде вклучено водење низ стратешко планирање, годишно планирање, идентификациона мисија, формулациона мисија, воведување или ревизија на организациски системи и процедури и др.

Фацилитацијата на процесите која ја обезбедува МЦМС покрај тоа што е фокусирана кон добивање на одреден краен продукт со партиципација на сите засегнати страни, е насочена и кон процесите на организациско учење овозможувајќи вклучените да усвојат нови пристапи во своето работење. За таа цел често фацилитацијата на процесите добива форма и на менторство. Сето ова е поддржано со прирачници, материјали со практични примери (најдобри практики) и компаративни студии.

Крајните резултати се формулирани документи како: стратешки планови, планови за развој на организациски капацитети, акциски планови, предлог проекти и програми, правилници и упатства и др.

Similar Posts

  • Организациски менаџмент

    Обуката за организациски менаџмент и развој ќе ви овозможи да стекнете знаење и вештини кои се неопходни за раководењето со организација, организациски промени и развој. На обуката ќе стекнете познавање на сеопфатен сет на алатки кои се користат за анализа на организацијата и контекстот во кој таа функционира, како и алатки за развој на стратегии…

  • Организациско јакнење

    За да ја разбереме нашата организација, прво треба да го разбереме контекстот во кој работиме. Во напорите да се постигнат целите на развојната работа, перформансите на поединечните организации се клучни. Перформансите се однесуваат и на внатрешната организација и на способноста за соработка и вмрежување со другите организации. Организациското раководење, затоа, ги вклучува и внатрешните аспекти…

  • Теми

    ПРОЕКТЕН ЦИКЛУС И РАКОВОДЕЊЕ СО ПОРТФОЛИО Интегрирано раководење со проектен циклус Показатели (РПЦ/Индикатори) Набљудување и оценка Раководење со програма Акциски планови за заедниците ОДНОСИ СО АКТЕРИ (ИНСИТУЦИОНАЛЕН РАЗВОЈ) Односи со јавноста Вмрежување и партнерство Комуникациски вештини Интеркултурно учење Решавање на конфликти Преговарање ОРГАНИЗАЦИСКО ЈАКНЕЊЕ Стратешко планирање Добро владеење/управување Тим и тимска работа СИСТЕМИ И ПРОЦЕДУРИ…

  • Менторство

    Менторство е процес на давање на поддршка и совети на индивидуи или организации со цел да ги осознаат начините на кој можат да го подобрат своето работење. Менторство може да биде насочено кон подобрување на сите аспекти на организациското работење: внатрешни организациски процеси и процедури, управување со ресурси, комуникација и односи помеѓу вработените, тимската работа,…

  • Напреден менаџмент

    Успехот на една компанија е директно поврзан со способноста на нејзините менаџери да го поттикнат најдоброто во секој вработен, да извлечат максимум од тимот како целина, навреме да ги согледаат заканите во опкружувањето и да применат соодветни пристапи за организациско прилагодување и промени. На оваа обука, искусните менаџери можат да ги освежат своите мисли, да…

  • Консултанти

    Консултантите на МЦМС имаат долгогодишно искуство во испорака на обуки и консултации, како и соодветно искуство во определените области (минимум 3 години). Тие имаат напредни вештини за испорака на обука и консултации и практично искуство, што им овозможува покрај стандардни обуки, да подготвуваат и спроведуваат консултации дизајнирани специфично според барањата на корисниците. Тимот на консултанти…