Обука

Обуката е процес на трансфер на знаење, вештини и ставови. За најефикасно реализирање на овој процес МЦМС применува научно потврден пристап наречен циклус на учење кај возрасните. Овој пристап се базира на партиципативно учење и е фокусиран на размена на искуства и нивно применување во практика. Циклусот на учење кај возрасните подразбира насочување, партиципација, се базира на искуствено учење и обезбедува повратна информација. Истовремено обезбедува почит кон учесникот, безбедна околина и се реализира во пријатни услови за работа.

Овој пристап нуди четири нивоа на кои се одвива учењето:

  • стекнување знаење (учесниците ќе знаат за соодветните концепти)
  • стекнување вештини (учесниците ќе бидат способни да реализираат соодветни задачи)
  • стекнување/промена на ставови (учесниците ќе веруваат/ќе ги поддржуваат соодветните пристапи)
  • стекнување/промена на однесувањето (учесниците ќе ги применуваат стекнатите знаења, вештини и ставови во својата работа)

Сите учесници на обуката на МЦМС добиваат соодветни наставни материјали кои претставуваат поддршка на учењето, а потоа и поддршка на примената во секојдневната пракса. Овие материјали опфаќаат теоретски концепти, студии на случај и практични примери. Наставните материјали се достапни на македонски, албански и на англиски јазик. За материјалите кои ги доставува на учесниците МЦМС има обезбедено право на користење.

МЦМС редовно применува мерки за да обезбеди висок квалитет на обуката кои покрај стандардизираниот процес на обука и методологија, примената на соодветни материјали за обука, вклучува и обезбедување на соодветен профил на обучувачи и редовна оценка на обуките. Оценката на обуките се изведува од страна на учесниците на крајот на обуката преку прашалници дизајнирани за таа намена. Кратки фидбек сесии се организираат по потреба заради подобрување и прилагодување на содржината и процесот на обуката.

МЦМС ја спроведува обуката преку:

Референци

Similar Posts

  • Финансиско раководење

    Финансиското раководење не е само чување на сметки. Тоа е важен дел од раководењето со програма и опфаќа планирање, организирање, контрола и набљудување на финансиските ресурси на организацијата. Во актуелниот момент кога во контекстот брзо се случуваат промените, еден од основните услови за преживување на организациите е да развијат разбирање и доверба кон користењето на…

  • Mетодологија

    Методологијата која ја користи МЦМС за развој на капацитетите е развивана и усовршувана низ период од 15 години на практична примена и се базира на меѓународно признаени методологии и најуспешни практики. Клучните карактеристики на методологијата се: прилагодување кон потребите на корисниците фокус кон одржливи решенија партиципација транспарентност создавање чувство на сопственост и одговорност почит кон…

  • Застапување и лобирање

    Ова обука започнува од позицијата дека термините застапување и лобирање се користат во врска со широк ранг на активности. Постојат бројни дефиниции за застапување и лобирање и не постои „точна“ дефиниција. Препорачливо е да постои одлука за дефиницијата што ќе се користи која е релевантна на локалниот контекст во кој луѓето работат и која е…

  • Организациско јакнење

    За да ја разбереме нашата организација, прво треба да го разбереме контекстот во кој работиме. Во напорите да се постигнат целите на развојната работа, перформансите на поединечните организации се клучни. Перформансите се однесуваат и на внатрешната организација и на способноста за соработка и вмрежување со другите организации. Организациското раководење, затоа, ги вклучува и внатрешните аспекти…

  • Показатели (РПЦ/Индикатори)

    Показателите се раководни алатки кои играат важна улога при планирањето, мониторингот и оценувањето на проектите. Показателите се во широка употреба при раководењето со проекти. Правилниот избор и формулација на показателите е важна за планирањето на самата интервенција, како и за дизајнирање на мониторинг системот со цел да се информира раководството за напредокот на интервенцијата. Показателите…

  • Тим и тимска работа

    Секоја организација се соочува со специфични предизвици за кои тимовите се најпрактичното и најмоќното средство на располагање на менаџерот. Критичната задача за постарите менаџери е да се грижат за генералниот перформанс и за видовите на тимови што би можеле да ја спроведат работата. Ова значи дека раководството мора да го пронајде уникатниот потенцијал на тимот…