Консултации

Консулатциите се советодавни услуги кои на менаџментот на една организација му помагаат да ја подобри ефективноста на работењето, стратегијата, процесите, операциите и одлучувањето преку оценка на потребите и олеснување на ревдирањето на функциите, плановите, насоките.

Освен во организациски контекст консултациите се обезбедуваат и како советодавни услуги и/или олеснување на процес, во кој може да се вклучени и повеќе страни (организации, институции), од кој треба да произлезе решение на некој проблем, проект, анализа, стратегија.

Консултациите се водат согласно на пристапите кои МЦМС ги презентира во соодветните обуки. Изборот на методологијата е во блиска консултација со нарачателот и се дефинира во усогласен опис на надлежности со цел консултациите најсоодветно да одговорат на прашањата и потребите на нарачателот.

Посебно внимание во консултациите МЦМС посветува на обезбедување вклученост на сите засегнати со цел кај нив да осигура чувство на сопственост над крајниот продукт и да се добие поголема посветеност понатаму во спроведувањето.

МЦМС ги спроведува консултациите преку:

Референци

Similar Posts

  • За консултациите и обуките

    Од своето формирање во 1993 година МЦМС работи на развој на капацитети и тоа на индивидуално, организациско и институционално ниво. Овој пристап МЦМС го користи за да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации, локалните самоуправи, државните институции, претпријатијата, училишта и сите други кои имаат потреба од тоа. Компонентата за развој на капацитетите претставува значаен дел…

  • Односи со јавноста

    Односите со јавноста, во последно време, доживуваат вистински подем. Со право се смета дека нивното време доаѓа. Но за да очекуваме полза од нив, мораме да ги познаваме вештините за односите со јавноста. Што се тоа односи со јавноста? Зошто ни се потребни? Што ќе постигнеме со нив? Односите со јавноста ви овозможуваат да го…

  • Показатели (РПЦ/Индикатори)

    Показателите се раководни алатки кои играат важна улога при планирањето, мониторингот и оценувањето на проектите. Показателите се во широка употреба при раководењето со проекти. Правилниот избор и формулација на показателите е важна за планирањето на самата интервенција, како и за дизајнирање на мониторинг системот со цел да се информира раководството за напредокот на интервенцијата. Показателите…

  • Добро владеење – управување

    Управувањето е концепт кој главно се однесува на начинот на кој се добива, пренесува и се практикува моќта за донесување одлуки во рамките на едно општество или организација. Според западните политички теоретичари, „доброто управување” претставува споделување на овластувањето за донесување одлуки, така што моќта и ресурсите нема да бидат акумулирани во рацете на поединец или…

  • Проектен циклус и раководење со проектно портфолио

    Голем број развојни организации го доверуваат надгледувањето на портфолиото на интервенции на соработниците на проекти. Овие интервенции се различни. Надгледувањето на проектното или програмското портфолио бара соодветни вештини со кои соработниците ќе можат да се справат со различните интервенции и актери. Овие комплексни барања за технички и добри комуникациски способности осигуруваат поефикасно и поефективно раководење…

  • Организациско јакнење

    За да ја разбереме нашата организација, прво треба да го разбереме контекстот во кој работиме. Во напорите да се постигнат целите на развојната работа, перформансите на поединечните организации се клучни. Перформансите се однесуваат и на внатрешната организација и на способноста за соработка и вмрежување со другите организации. Организациското раководење, затоа, ги вклучува и внатрешните аспекти…