Конкурс за истражувачки стории за корупција
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје (ИДСЦС) ги покануваат сите заинтересирани новинари и студенти по новинарство да понудат предлог теми за истражувачки стории поврзани со корупцијата.
Предложените теми може да опфатат:
- административна корупција
- висока политичка корупција
- анализа на новите форми на економски криминал
- можна злоупотреба на средства од ЕУ и други донатори
- даночните измами
- злоупотреба на јавни средства преку субвенции и јавни набавки и сл.
Конкурсот е отворен до 15 јуни, а рокот за подготовка на сториите е 29 јули 2016 година.
Вкупниот фонд за конкурсот изнесува 200.000 денари. Поединечните надоместоци нема да ја надминат сумата од 20.000 денари (бруто). Ќе бидат избрани вкупно 10 предлози. Од изработените истражувачки стории, ќе бидат избрани три најдобри кои ќе бидат наградени. Вкупниот фонд на средства за наградите изнесува 150.000 денари.
Целиот конкурс и документите за пријавување:
- Конкурс за изработка на истражувачки стории за корупција
- Пријава за изработка на истражувачка сторија (прилог 1)
- Урнек за листа на претходни стории од областа на корупцијата (прилог 2)
Комплетните пријави треба да се достават до Миша Поповиќ, на misha@idscs.org.mk и Марија Саздевски на msz@mcms.mk.
Конкурсот е дел од Програмата на УСАИД за антикорупција што ја спроведува МЦМС во соработка со ИДСЦС, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) и Транспарентност Македонија (ТМ).