МЦМС бара ко-модератор за општина Шуто Оризари
Во периодот јануари 2013 – мај 2014 г., форумскиот процес во општина Шуто Оризари ќе го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
За потребите на проектниот форум се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОР, кој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 (шест) месеци, 9 (девет) работни дена просечно во текот на месецот, со флексибилно работно време.
Целта на програмата „Форуми во заедницата” е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Повеќе информации за програмата: www.forumivozaednicata.com.mk.
Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 7 до 8 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.
Задачи, одговорности и очекувани резултати:
- Раководење и координирање со Оперативната група;
- Организирање и ко-модерирање на форумски сесии, вклучително и регрутација на учесници на форумот;
- Помош на модераторот при водењето на форумските сесиите;
- Организирање и ко-модерирање на состаноци помеѓу форумски сесии;
- Техничка подготовка на форумски сесии (сала, постери, опрема);
- Координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
- Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.);
- Учество на обуки организирани од страна на ЕКФ, МЦМС и СДЦ;
- Подготовка на месечни извештаи.
Квалификации и искуство:
- универзитетско образование,
- познавање на англиски јазик,
- активно користење на компјутер (Word, Excel, Outlook),
- познавање на процесот на децентрализација,
- искуство во работа со невладни организации,
- да е жител на општината Шуто Оризари,
- искуство во фасилитација, координација и известување,
- наклонетост кон тимска работа,
- одлични комуникациски вештини.
Опис на работни задачи за ко‐модератор во проектот „Форум во заедницата“.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 10 јануари 2013 г. (четврток), на следната адреса: ул. Никола Парапунов бр.41а; Пошт. фах 55, 1060 Скопје; или на електронска пошта: dmt@mcms.mk.