МЦМС бара ко-модератор за општините Василево и Босилово
Во периодот август 2012 – декември 2013 г., форумскиот процес во општините Василево и Босилово ќе го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
За потребите на Форумот се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОР, кој ќе биде ангажиран во времетраење од шест (6) месеци, девет (9) работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.
Целта на програмата „Форуми во заедницата” е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Повеќе информации може да се добијат на www.forumivozaednicata.com.mk.
Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и е раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 9 до 11 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.
Задачи, одговорности и очекувани резултати:
- Раководење и координирање на Оперативната група;
- Организирање и ко-модерирање форумски сесии, вклучително и регрутација на учесници на Форумот;
- Помош на модераторот при водењето на форумските сесиите;
- Организирање и ко-модерирање состаноци помеѓу форумски сесии;
- Техничка подготовка на форумски сесии (сала, постери, опрема);
- Координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
- Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.);
- Учество на обуки организирани од страна на ЕКФ, МЦМС и СДЦ;
- Подготовка на месечни извештаи.
Квалификации и искуство:
- универзитетско образование;
- познавање англиски јазик;
- активно користење компјутер (Word, Excel, Outlook);
- познавање на процесот на децентрализација;
- искуство во работа со граѓански организации;
- да е жител на општините;
- искуство во фасилитација, координација и известување;
- наклонетост кон тимска работа;
- одлични комуникациски вештини.
Опис на работни задачи за ко-модератор во проектот „Форум во заедницата“.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 22 август 2012 г. (среда) на следната адреса: МЦМС, ул. Никола Парапунов бб, П. фах 55, 1060 Скопје или на електронска пошта: dmt@mcms.mk.