Преку креативна работилница најмладите учеа за интегритет

422730578 122141669780061743 9048275893572209607 n Custom

Јас сум фер, јас не лажам, јас сум одговорен/на, јас сум храбар/а. Ова се најчесто спомнуваните вредности кои над 100 ученици од второ одделение од основното училиште „Љубен Лапе” од Скопје ги напишаа на нивните „Дрва на интегритет”.

Тимот на програмата „Граѓаните против корупцијата“ (ГПК), на МЦМС, на 15 февруари 2024 година  организираше интерактивни работилници во четири одделенија. Целта беше, учениците преку игра и примери да се запознаат и научат како да се однесуваат и да бидат одговорни граѓани.

Учениците се запознаа со основните вредности, а потоа ги споделија нивните лични примери и ги нацртаа нивните „Дрва на интегритет“. Овој креативен процес донесе многу позитивна енергија за сите вклучени. Искрената желба за учење кај децата е дополнителен  мотив за наставничките и за целиот тим на програмата да продолжат заедно, гласно да зборуваат против корупцијата.

Ова е прва активност од ваков тип. Следните работилници се планираат во други училишта, во Скопје и другите градови во земјава.

Оваа активност е дел од програмата „Граѓаните против корупцијата“ што ја спроведува МЦМС, а ја поддржува УСАИД.

Погледнете ја галеријата со слики тука.

Similar Posts