е-Билтен бр.1 – Државно финансирање на граѓанските организации
Во овој билтен може да се информирате за спроведените активности и исходи во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“.
Во овој билтен може да се информирате за спроведените активности и исходи во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“.
Обуката за финансиско управување и транспарентност им овозможи на 20 претставници на граѓанските организации од земјава целосно да се запознаат со стандардите за транспарентност и отчетност во делот на финансиско управување. Таа се одржуваше од 29 до 31 мај во Битола, а учесниците ги зајакнаа нивните вештини и знаења за соодветно и одговорно финансиско управување…
Премиерот Зоран Заев на денешната (22.5.2019 год.) конференција на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ја потврди политичката волја за подобрување на моделот на државно финансирање. Тој истакна дека Владата веќе презема чекори и очекувањата се дека по дискусиите со граѓанските организации кои се планирани многу брзо, тој модел би се финализирал веќе во септември…
Се финализираше постапката за избор на грантовите за транспарентност, по што се доделија седум грантови на следните граѓански организации: Ромска асоцијација за жени и млади – Лулуди – Скопје Здружение на граѓани – Младите можат Здружение Лидери за едукација, активизам и развој Скопје Доброволно противпожарно друштво- Св. Николе Центар на заедницата на општина Струга Младински…
Финансиската одржливост на граѓанските организации е најголемиот предизвик со кој тие се соочуваат. За реализирање на целите и активностите организациите зависат исклучиво од меѓународни донатори.
Повеќе од 80 претставници на граѓанските организации учествуваа на трите информативни сесии за грантовите за транспарентност кои што беа организирани во Скопје, Битола и Штип. Тие поставија повеќе од 30 прашања во врска со процесот на аплицирање и со спроведувањето на проектот, а тимот на Македонскиот центар за меѓународна соработка ги одговори електронски и тие…
„Многу ме радува што во Македонија постојат иницијативи и обуки кои го овозможуваат созревањето на граѓанските организации. Верувам дека само со добро структурирање ќе се овозможат хумани услови за општествен развој“, рече Вања Димитриевски од ХОПС за време на обуката за „Организациски развој и системи за обезбедување на квалитет“ која се одржа од 26 до…
Повеќе од 60 претставници на граѓанските организации учествуваа на информативната сесија што беше организирана на 26 април 2018 година во просториите на МЦМС. Јасмина Чаушоска, грант менаџер на проектот детално ги презентираше документите – Упатството и Формуларот за аплицирање. Таа зборуваше за приоритетните области за пријавите и за подобните и неподобните трошоци.
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) преку програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓанските организации“ објави повик за доделување на грантови.
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) преку програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓанските организации“ објавува јавен повик за доделување на грантови. Програмата ја имплементира МЦМС во соработка со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС). Програмата е финансирана од…