историја

  • 2000 – Цело е кога има сé

    Од 2000 г. МЦМС се врати на своите домашни фокуси. Се интензивираше кампањата „Цело е кога има сé“. Заедно со осум женски НВО го стартува билтенот „Перспективи“. МЦМС ја промовираше тространата соработка меѓу мали и средни претпријатија од Грција, Германија и Македонија – поврзување на претпријатијата Скопје-Солун. По скоро едногодишен прекин обновени се активностите во…

  • 1999 – Прибежиште Македонија

    Косовската криза го наведе МЦМС целосно да се посвети на обезбедување прибежиште на бегалците на граничните премини, во бегалските кампови и во семејствата, во соработка со 21 организација. Во духот на добрососедство, МЦМС го прави првиот чекор надвор од Македонија со програма за обновување на Косово. МЦМС ја започна својата прва голема кампања – „Цело…

  • 1998 – МРФП и награда од ЕУ и САД

    1998 година на МЦМС му ја донесе најголемата награда, Наградата за демократија и граѓанско општество, доделена од САД и ЕУ. МЦМС ја основа Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) како дел од напорите за поголемо влијание во секторот на МСП и вработување. Законот за здруженија на граѓани и фондации е прв успешен пример за лобирање…

  • 1997 – Развој на локалните заедници

    Заминува ХМП од Македонија и МЦМС го загуби Херт Јан ван  Апелдорн, без кои МЦМС немаше да биде  она што е денес. МЦМС ги продолжува активностите за развој на локалните заедници. Со младински и студентски организации од различни етнички социјални групи и подмладоци на политички партии се организира Младинската летна школа за дијалог. Фокусот на…

  • 1996 – Водата е најважна

    МЦМС ги поддржуваше  развојните иницијативи на село. Излезе првиот број на НВО Билтенот и на Адресарот на НВО во Македонија. Се организираа првите обуки за раководење со проектен циклус. МЦМС се пресели во своето сегашно седиште. Оваа година МЦМС се пресели во нови простории, тогаш по овој повод директорот Сашо Клековски рече дека „ако 1993…

  • 1995 – Рехабилитација и развој

    Година на почеток на консолидација и градење одржлива програма. Најголемиот број проекти беа  насочени кон развојот на селата преку активности за водоснабдување и санитација, образование, генерирање приходи и комуникации во повеќе општини. Во 1995 година фокусот на МЦМС беше ставен на рехабилитацијата и развојот, а во помала мера на хуманитарните проекти како дотогаш. Всушност, во…

  • 1994 – Основна помош

    МЦМС растеше и јакнеше благодарејќи на знаењето и вештината што му ги пренесеоа ХМП и Херт Јан ван Апелдорн. Се спроведоа првите проекти за водоснабдување, основна помош и рехабилитација на сушните региони, помош за лицата со хендикеп. Беа поддржани активности на граѓански организации. Програмата за рурален развој беше насочена кон селата погодени од десетгодишната суша,…

  • 1993 – Воспоставување на МЦМС

    Инспиративната приказна за МЦМС започнува во 1993 година, по осамостојувањето на Македонија. МЦМС е потфат на домашни мировни и граѓански иницијативи, поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП). Основан е на 14 декември 1993 г. Целите беа промоција на мирот, организирање на граѓанското општество и помош на оние кои имаат потреба. Основањето следеше како одговор на…