МЦМС стана полноправна членка на Глобалната коалиција на граѓанското општество за УНКАК
МЦМС го надгради своето членство во Глобалната коалиција на граѓанското општество за УНКАК и од асоцијативна стана нејзина полноправна членка. Ова претставува признание за долгогодишната посветеност на организацијата и дополнително ги засилува капацитетите за граѓански надзор и притисок во борбата против корупцијата.