Вода за сите!

20180323 Infograph vodosnabduvanje

Денес, кога се одбележува Светскиот ден на водата, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ги споделува постигнувањата од секторот водоснабдување. 

Правото на здрава вода за пиење е предуслов на правото за живот, правото на храна, правото на здравствена заштита и правото за домување. 

Главните активности во оваа област МЦМС ги спроведуваше во периодот од 1994 до 2005 година, а заврши со водоснабдувањето во 2010 година. Според Државниот завод за статистика, во 2005 година 93% од населението во Македонија имало пристап до безбедна вода за пиење, а 63% приклучок во домовите.

МЦМС, обезбедувајќи вода за повеќе од 260 села во Македонија, значајно придонесе за таквата состојба.

Similar Posts