Симона Огненовска

Симона Огненовска

Симона Огненовска, Соработник на проект
sog@mcms.org.mk
+389 2 3065 381

Симона Огненовска работи како соработничка на проекти во рамки на групата за граѓанско општество. Својата вклученост во активностите на МЦМС ја започнува како волонтер во ноември 2010 година, а од август 2011 година е во редовен работен однос. Во 2017 година, Симона ја добива Чивнинг стипендијата и го продолжува школувањето на Лондонската школа за економија и политички науки, на тема Социјална политика и развој од перспектива на невладините организации. Претходно, се стекнува со диплома од последипломски студии на отсекот маркетинг менаџмент на Економски факулет, Европски универзитет, со тезата насловена „Влијанието на општествената одговорност на малите и средни претпријатијата врз однесувањето на потрошувачите во Р.Македонија“. 

Фокусот на нејзиното работење е поддршка на активности за обезбедување на овозможувачка околина за развој на граѓанско општество кое активно е вклучено во процесите на подготовка на закони и креирање на јавни политики. Почнувајќи од 2013 година, го координира на годишно ниво следењето на околината во која делува грѓанското општество, преку развивање на методи, прибирање на податоци и анализа. Симона е авторка на бројни анализи за овозможувачката околина во која дејстува граѓанското општество, потоа анализи и препораки за реформа на системот за државно финансирање на граѓанските организации, анализа на спроведувањето на Стратегијата на Владата за развој на граѓанскиот сектор 2012-2017, како и аналитички документи за развојната соработка на Македонија и степенот на интегрираност на Целите на одржлив развој на ОН. Симона зела учество и на бројни национални, регионални и глобални настани, меѓу кои позначајно е учеството на дебата во Европскиот парламент организирана од БЦСДН, како и учеството на Вториот состанок на високо ниво во Најроби, Кенија. Почнувајќи од 2017 година, во рамки на регионален проект воден од ЕЦНЛ ги помага земјите од Источна Европа, при развивањето на рамка за следење на околината за развој на граѓанското општество, споделувајќи го искуството при спроведување на методологијата во Западен Балкан.

LinkedIn Logo16pxhttp://www.linkedin.com/in/simonaognenovska

Similar Posts

  • Александар Кржаловски – Консултант

    Александар Кржаловски, Консултант/Обучувачakr@mcms.mk Роден е на 19.6.1969 г. во Скопје. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје во 1993 г. Во МЦМС е ангажиран од 1995 г. Од тогаш има посетено повеќе обуки во организација на МДФ, Холандија, но и други меѓународни консултантски куќи. Како координатор на повеќе програми во МЦМС се стекнува и со практично…

  • Лазар Неданоски – Консултант

    Лазар Неданоски, Констултант/Обучувачlnd@mcms.mk Роден е на 03.01.1976 година во Охрид. Дипломира на Факултетот за туризам во Охрид и моментално е на постдиспломски студии од областа на монетарна економија на Економскиот факултет во Скопје. Од 2007 година е и овластен инвестициски советник од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Неговото професионално искуство го гради…

  • Даниела Стојанова – Консултант

    Даниела Стојанова, Обучувач/Консултантdsj@mcms.mk+ 389 2 3088 980 Даниела Стојанова има 15-годишно работно искуство (волонтерство, активизам и професионална работа) во граѓанските организации во Република Македонија. Во 1995 година се вклучува во првиот тим македонски тренери обучуван од страна на Регионалниот центар за животна средина (Унгарија) и Институтот за трајни заедници (САД). Во 1997 година посетува и…

  • Сашо Клековски – Консултант

    Сашо Клековски, Консултантsasho@klekovski.mk Роден е на 13 април 1966 г. во Скопје. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје. Од 1994 г. е извршен директор на МЦМС. Има над 20 години работно искуство во граѓанските организации во Македонија, а како консултант е ангажиран изминатите 10 години. Со практично искуство во раководење и подготовка на секторски анализи…

  • Фисник Шабани

    Фисник Шабани, Помлад Соработник на проектfsh@mcms.mk +389 2 3088 994 Роден е на 29.04.1986 година во Куманово. Има завршено додипломски студии на Правниот факултет во Државен Универзитет во Тетово (ДУТ) и моментално ги завршува магистерските студии по Граѓанско право на Правниот факултет при Државниот Универзитет во Тетово (ДУТ). За време на студиите од 2006-2008 беше…

  • Моника Божиноска

    Моника Божиноска, Соработник на проектиmbz@mcms.mk +389 2 3065 381 Pодена на 6 јули 1989 година во Скопје. Дипломира психологија на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Своето академско образование го продолжува на постдипломски студии за Истражувачки методи во политички науки на Универзитетот Бирмингем во Велика Британија, како носител на стипендијата Чивнинг. Работното искуство го…