Повик за ангажирање на консултант/ка за подготовка на анализа за родово базирано насилство во спортот

Повик за експерт 1080 x 720 px

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) објавува повик за ангажирање на консултант/ка за подготовка на анализа за родово базирано насилство во спортот. 

Во Северна Македонија постојат ограничени информации за распространетоста на родовото базирано насилство во спортот. Оваа анализа има за цел да ја пополни празнината со истражување за природата и степенот на таквото насилство, опфаќајќи ги физичките и психолошките форми на насилство (вербално, невербално, физичко и сексуално вознемирување и злоупотреба и слично) и медиумското покривање на истото. Напоменувајќи дека овие форми меѓусебно не се исклучуваат, туку се преклопуваат.

Доколку сте заинтересирани погледнете го подетално описот на надлежности на следниот линк: 98-06_Opis_na_nadleznost-gender_based_violence_in_sports.pdf

Рокот за поднесување на документите е до 31 јули (четврток) 2025 г. на asv@mcms.mk. 

Подготовката на анализата се реализира во рамки на проектот „Фер игра: поддршка за родова еднаквост во спортските политики“ кој го спроведува ОКСМ во партнерство со МЦМС, Спорт Социал Солушн и Параолимписки комитет, а финансиски е поддржан од Европската унија. 

Similar Posts