Покана за промоција
МЦМС и ЦИРа ве покануваат на промоцијата на три изданија од програмата за работа на Граѓанската платформа на Македонија од областа на законската рамка за граѓанските организации. Промоцијата ќе се одржи на 19 февруари 2008 г., (вторник) во хотелот „Континентал“ во Скопје со почеток во 11 часот.