Вечер: Отворена Црковно народна кујна
Вчера во Велес беше отворена црковно-народна кујна. Со донација на Епархијата повардарска, МЦМС и Општината Велес, дневен топол оброк ќе добиваат од 150 до 180 сиромашни граѓани.
Вчера во Велес беше отворена црковно-народна кујна. Со донација на Епархијата повардарска, МЦМС и Општината Велес, дневен топол оброк ќе добиваат од 150 до 180 сиромашни граѓани.
Под мотото „Различни а еднакви“ вчера беше отворен шестиот НВО-саем, на кој учествуваат околу 130 невладини организации и здруженија на граѓани. Темата на овој саем е „Еднакви можности за сите“, чија цел е да се информира јавноста со активностите на граѓанскиот сектор, да се зголеми соработката меѓу НВО-секторот и да се поттикнува дијалог.
На Скопскиот саем вчера беше отворен и шестиот по ред саем на невладини организации. Под мотото Различни, а еднакви” 130 НВО од целата држава ја информираа јавноста за своите активности на вчера отворениот саем на невладини организации, кој има за цел зголемена соработка меѓу НВО и поттикнување на дијалогот меѓу актерите во општеството.
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамките на програмата “Институционален развој “ ќе поддржи публикување на 7 магистерски трудови кои ќе обработуваат прашања од областа на граѓанското општество.
Македонскиот центар за меѓународна соработка на 10 октомври 2007 година, во хотелот Холидеј ин во Скопје го промовираше извештајот од истражувањето „Довербата во граѓанското општество“. Ова истражување, МЦМС го спроведува по втор пат. Извештајот е резултат на потребата да се провери колкава е довербата на граѓаните во граѓанските организации. Освен довербата во граѓанскиот, со анкетата…
Граѓаните не им веруваат многу на институциите. Впечатлива е поголемата доверба на микроплан и на локално ниво, наспроти помалата доверба во големите и во националните институции. Најголема е довербата во семејството, образовните институции и црквите, а најмалку во судството, синдикатите и во партиите. Надвор од државните институции граѓаните најмногу можат да се потпрат на медиумите,…
Зголемен е и процентот на нетолерантност кон странците кој изнесува 67, 2 отстоГраѓаните во своја близина не сакаат наркомани, пијаници и педери, покажало истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка.
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 10 октомври 2007 година, во 11 часот, во хотелот Холидеј ин ќе го промовира извештајот од истражувањето за Довербата во граѓанското општество.
Шестиот по ред НВО Саем – Форум на граѓанското општество ќе се одржи на 16 и 17 ноември 2007 година на Скопскиот саем во халите 2 и 3. Носечката тема на Саемот е „Еднакви можности за сите“. Пријавувањето за овој најголем настан на граѓанското општество во Македонија веќе започна. Сите детали и формулари за пријавување…
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), на 28 септември, во хотелот Континентал, ја промовираше новата обука „Добро управување – зголемена оддржливост“ наменета за граѓанските организации во Македонија. На промоцијата, на присутните, им се обратија Сашо Клековски, Извршен директор на МЦМС, Елвис Али, таск менаџер во Европската агенција за реконструкција и Сузана Никодијевиќ-Филиповска раководител на секторот…