Јасмина Ристовска

jrs

Јасмина Ристовска, Соработник на проект
jrs@mcms.mk
+389 2 3065 381

Родена на 26.08.1981 година во Скопје. Дипломира на Економски факултет во Скопје во 2005 година. Во 2013 година станува магистер по економски науки, насока Финансиски менаџмент, на Економски институт, Скопје.

По краткото работно искуство во Маркетинг агенцијата Дивајн, од март 2006 година се вработува во Министерството за финансии како службеник за финансиски работи, во Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД). Секторот има улога на договорно тело, акредитирано од страна на службите на Европската комисија за спроведување на тендерски постапки, склучување на договори, финансиско управување и плаќање, како и за следење на имплементацијата на проектите финансирани од Инструментот за претпристапна помош, во рамки на децентрализиран систем на управување со помошта. Во Секторот вклучена е во сите фази на проектен циклус, и работи на спроведување на договори за градежни работи, услуги, набавки, твининг и договори за грант (грантови шеми и директни грантови). До април 2018 година работи на позиција Советник за децентрализирано финансиско спроведување на проекти финансирани од ИПА, и е одговорна за сигурно финансиско управување и контрола на проектите, во надлежност на ЦФЦД.

Од мај 2018 година се вработува МЦМС во Одделението за граѓанско општество и демократизација како Координатор на програмата Регионална мрежа за антикорупција.

Similar Posts

  • Гонце Јаковлеска – Консултант

    Гонце Јаковлеска, Консултант/Обучувачgjk@mcms.mk Родена е на 13.07.1969 во Радовиш. Дипломира на Факултетот за политички науки во Белград, а во моментов е на пост-дипломски студии по Комуникологија на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања во Скопје. Ангажирана е во МЦМС од 1996 година и има 14 годишно искуство во практикување на односи со јавноста и…

  • Даниела Стојанова – Консултант

    Даниела Стојанова, Обучувач/Консултантdsj@mcms.mk+ 389 2 3088 980 Даниела Стојанова има 15-годишно работно искуство (волонтерство, активизам и професионална работа) во граѓанските организации во Република Македонија. Во 1995 година се вклучува во првиот тим македонски тренери обучуван од страна на Регионалниот центар за животна средина (Унгарија) и Институтот за трајни заедници (САД). Во 1997 година посетува и…

  • Валентина Величковска

    Валентина Величковска, Соработник на проектvat@mcms.mk+389 2 3065 381 Валентина Атанасовска е родена на 22.02.1976 година во Крива Паланка. Во 1999 година дипломира на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнува со звањата „Професор по англиски јазик и книжевност“ и Филолог по англиски јазик и книжевност – преведувач. Во 2002…

  • Емина Нурединоска – Консултант

    Емина Нурединоска, Обучувач/Консултант enr@mcms.mk Родена е на 16 април 1974 година, во с. Жировница. Дипломира на Правниот факултет во Скопје во 1997 година, и е магистер по меѓународно право –  тема „Слобода на здружување како човеково право во демократијата“ на Правниот факултет „Јустинијан 1“ во Скопје. Таа е ангажирана во МЦМС од 2001 година и…

  • Димче Митревски

    Димче Митрески, Извршен директорdmt@mcms.mk+389 2 3088 998 Роден на 05.11.1968 година во Прилеп. Во МЦМС е ангажиран од 1994 година. Тој е дел од средното раководство и одговорен за раководењето на Одделението за развој. Претходно бил член на ССУКМ како секретар за спорт и социјална политика. Активно е вклучен во градењето на капацитетите на локалната…